Сезоната на награди во Холивуд се повеќе се загрeва пред да ја достигне кулминацијата со јаготката на шлагот - Оскарите.
Во таа насока вчеравечер во Лос Анџелес, Калифорнија, се одржаа SAG наградите (Screen Actors Guild Awards) коишто им оддаваат признанија на најголемите постигнувања во филмот и телевизијата.
Хитовите на големиот екран како "Barbie," "Oppenheimer" и "Killers of the Flower Moon" беа доминантни и понесоа повеќе награди, а во однос на модата се истакнаа неколку моменти.
Особено интересно беше заедничкото појавување на актерките од филмот Devil Wears Prada - Ен Хатавеј, Мерил Стрип и Емили Блант на сцената за да доделат награда.
Во голема мера тоалеитите ги красеа скулптурални детали, цветни детали и наметки, а Марго Роби не беше единствената што облече розово.
Еве како сето тоа изгледаше на црвениот тепих.
Фото: Getty