Уште тоа остана: Лејди Гага облече венчаница

3 јули 2014

Контроверзната пејачка Лејди Гага, повторно е во фокусот на медиумите и сигурно погодувате зошто. Повторно е во прашање нејзиниот аутфит.

После креацијата направена од месо, транспарентните тоалети и неконвенционалните изгледи, Лејди Гага верувале или не реши да облече венчаница.

На џез фестивалот во Монтреал, Гага настапи во дует со Тони Бенет и сметаше дека најсоодветна креација за тој повод е венчаницата. Ваквата појава нормално  веднаш ги разбуди и шпекулациите дека всушност пејачката се омажила за своето долгогодишно момче Тејлор Кини.

Станува збор за бела тоалета, украсена  со низа светкави камчиња и во линија од сирена крој.  За да ја долови автентичноста од изгледот Лејди Гага на главата носеше и дијадема, масивни обетки и силна шминка, додека велот имаше функција и на наметка прикачен за светкав ѓердан околу вратот. Изгледа дека пејачката уживаше во својот нов изглед бидејќи не ја симна насмевката од своето лице.

Дали новиот аутфит крие некаква приказна или станува збор за класичното однесување на пејачката, останува да видиме.

Објавено:
3 јули 2014
Категорија: 
Сцена