Викторија Бекам: Моите деца мора да работат

22 септември 2014

2013 International Woolmark Prize Final - Photocall & Judging

Викторија Бекам е одлучна во тоа нејзините деца да научат да ги почитуваат парите, па е одлучна во ставот дека мора да работат. Така, за да не бидат премногу разгалени, дизајнерката одлучила дека сите ќе работат во нејзиниот бутик во Лондон кој  треба да се отвори неделава. Четирите деца ќе и' помагаат и додека се отвори луксузната продавница.

Ова и не е некое изненадување имајќи предвид дека пред неколку месеци најстариот син Бруклин веќе знае како изгледа да се заработува. Тој во текот на летото работеше во едно кафуле како келнер за 3 фунти од час.

- Бруклин го има светот на дланката и може да има луксузен живот, доколку посака. Иако имаа безгрижно детство, Дејвид и Викторија се одлучни во немерата да ги научат своите деца дека во животот не е се' мед и млеко, туку дека за некои работи мора да се потрудиш – изјави тогаш неименуван извор.

Инаку, богатството на Бекамови се проценува на околу 165 милиони фунти.

Објавено:
22 септември 2014
Категорија: 
Сцена