Вистинското лице на Сиа

23 март 2017

Популарната пејачка и ултра талентирана музичарка, Сиа, светот ја знае како девојката со периката која речиси и никогаш не го покажува своето лице.

Токму поради тоа, нејзините обожаватели предизвикуваат вистински хаос кога таа ќе се појави без нејзините додатоци и ќе покаже како всушност изгледа.

Токму тоа се случи неодамна на аеродромот во Лос Анџелес каде што таа се појави во стилска спортска комбинација со свежо лице и супер фризура како никогаш досега.

Облечена во тренерки Кензо и едноставна куса блузичка и бели патики, таа се упати кон аеродромот од каде треба да полета за Дубаи каде оваа сабота треба да одржи концерт.

Она што медиумите го забележаа е нејзиното неверојатно свежо лице за кое најверојатно во некоја мера се погрижиле пластични хирурзи, но сепак, пејачката навистина изгледаше подобро од кога и да е.

Имено, во декември минатата година таа соопшти дека се разведува од нејзиниот сопруг Ерик Андерс Ланг со кој беше во брак две години.

Во изјава за медиумите, таа посочи дека и двајцата сакаат добро да размислат за одлуката, но и дека што и да се случи, ќе останат пријатели.

Таа е позната во светот како една од ретките пејачки кои постојано го покриваат своето лице без разлика дали станува збор за јавни појавувања, настапи или гостувања во емисии.

Во неколку интервјуа, таа ќе каже дека едвај успеала да се избори со сите „лоши демони“ што ја окружувале во годините кога таа страдала од депресија и била во секојдневна борба со алкохолот и дрогата. 

Пред некое време таа соопшти дека денеска добро се соочува со депресијата и дека подолго време е трезна на што е особено горда.

Последно од неа можевме да ја слушнеме соработката со Пинк, но и одличната музика што таа ја направи за неверојатниот филм „Lion“ кој беше номиниран и за Оскар.

Објавено:
23 март 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.269 пати