Војвотката Кејт ја фотографираше малата Шарлот за четвртиот роденден

2 мај 2019

Веќе знаеме дека војвотката Кејт има исклучителен талент за фотографирање, па новите фотографии од малата принцеза Шарлот воопшто не нè изненадија.

Имено, Шарлот денеска го прославува четвртиот роденден, а некако стана традиција за војвотката да ги овековечува родендените на нејзините деца со слатки фотографии.

На фотографиите можеме да ја видиме принцезата како безгрижно ужива во детството и трча низ ливада со цвеќе во раката.

Фотографиите војвотката од Кембриџ ги направила минатиот месец во нивниот дом, палатата Кенсингтон и на неколку други локации.

На првата, малата Шарлот изгледа преслатко додека седи на трева облечена во сино фустанче со цветови и темно сини патичиња.

На останатите, таа носи карирано фустанче и сиво џемперче, додека нејзината косичка е собрана во едноставно репче со темно сина панделка.

Пријатели на кралското семејство, а и самите Кејт и Вилијам ја опишуваат Шарлот како мало паметно девјче кое истовремено е многу љубопитно и динамично, за разлика од нејзиниот срамежлив постар брат Џорџ.

Покрај принцезата Шарлот која е четврта по ред за кралскиот трон, Кејт и Вилијам ги имаат синовите Џорџ и најмалиот Луис.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
2 мај 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.486 пати