Забава на Џими Чу за отворањето на бутик во Беверли Хилс
•
17 април 2014
Џенуари Џонс, Џејми Кинг, Кејт Босфорд, Кристина Хендрикс, Еми Росум и многу други беа дел од гламурозната забава организирана во куќата на колекционерот Евгенио Лопез, која во внатрешниот ентериер била исполнета со уметнички дела и скулптури, а во надворешниот, каде биле сместени гостите имало базен и бина.
Поводот за забавата била новата колекција чевли на познатиот дизајнер Џими Чу и повторното отворање на бутик во Беверли Хилс. За убавата атмосфера на почетокот се погрижила Соланж Ноулс, а потоа гостите уживаа во настапот на бендот Bastille.