Зошто мајките упорно сакаат да изгледаат како нивните ќерки?

2 септември 2013

Мадона и Лордес

Некогаш тинејџерките кришно ја растураа облеката на мајките во надеж дека ќе најдат нешто што им прилега. Но, се чини денес сликата е обратна. Мајките се повеќе се трудат да наликуваат на своите ќерки.

„20-40 мајки“ е израз кој го измислија тинејџерките за да ги опишат жените во 40-тите години кои од петни жили се трудат да изгледаат како да имаат 20. Тие толку сакаат да останат млади што ги копираат ќерките во најстините детали, од начинот на шминкање до модниот избор.

Истражувањето спроведено на преку 300 мајки и нивните ќерки покажало дека адолесцентките имаат огромно влијание кога е во прашање шминката, облеката и фризурите на нивните мајки. Историчарите на културата сметаат дека овој феномен започнал во текот на 1950-тите години, кога помладите генерации почнале да се спротиставуваат на вкусот на своите родители. Денес сликата е нешто поинаква, па возрасните се тие што ги „копираат“ помладите генерации.

Истражувачите испитале вкупно 343 мајки и нивни ќерки со просечна возраст од 16 и 44 години, а резултатите покажале дека ако мајката се чувствува млада во срцето, ја негува смислата за облекување, а во својата ќерка гледа стилист или моден стручњак, па со оглед на тоа, ги копираат навиките на своите ќерки.

Но, дури ако и ќерката се однесува и изгледа постаро отколку што е, а со тоа го негува и чувството за мода, малку веројатно е дека модниот пример ќе го види во својата мајка.

Нашата култура ја пролонгира младоста, па сме сведоци на обратната социјализација во која родителите ги имитираат своите деца. Најголем број од мајките на 44 годишна возраст се чувствуваат како да имаат 33 или 34 години. Тие се чувствуваат помлади и одлучни се тоа и да го покажат низ своите модни навики.

Британските мајки на пример во 2009 година потрошиле и до 10.000 фунти на козметички препарати само за да изгледааат како своите 22-годишни ќерки. „Можеби звучи чудно, но тоа што отидов „под нож“ само за да изгледам како ќеркатами, но таа е прекрасна. Кој не би ја посакал? Таа својот изглед го наследила од мене, но мојот со текот на годините избледе. Кога сфатив колку ќерката ми е атрактивна, едноставно сакав повторно да го имам својот стар изглед. Сега, наместо како мајка и ќерка, изгледаме како сестри и тоа близначки“, се пофали 50 годишната Џенет Кунлиф.

Овој тренд владее и меѓу познатите, што може да се забележи и од галеријата.

Објавено:
2 септември 2013
Категорија: 
Сцена