55-годишна Италијанка со седа коса е меѓу најпопуларните на Тик-Ток мрежата

12 декември 2020

Елиса Берини Гомез е 55 годишна Италијанка со мексикански корени, која живее и работи во Канада. Важи за една од најпопуларните жени на платформата „Тик-Ток“, а во тоа ѝ помага нејзиниот темперамент и седата коса, која е нејзин препознатлив знак.

Генерално, социјалните мрежи ги користи за да ги инспирира жените генерално, иако пред се' оние од нејзината генерација.

Елиса не само што ги поттикнува да се прифатат себеси, почнувајќи од изгледот и седата коса, туку отворено зборува и за промените што ги носат годините - како што е менопаузата, тема на која посвети повеќе видеа.

@elisaberrinigomez

##greyhair ##womenover50 ##team55 ##fashionista ##fyp ##italianwoman ##mexicanwoman ##grayhair ##style Cozy Beat - Aesthetic Sounds

„Одлуката да не ја бојам косата повеќе, значеше и процес на прифаќање на себеси. Причината беше психлошка. На 52 години бев депресивна и не сакав да продолжам со животот. Мојот случај беше таков да, јас морав прво да работам на прифаќањето на физичкиот изглед. Непријатноста околу изгледот е секојдневие и мене ми се случи исто и морав да работам на тоа. Ми требаа две години да се прифатам како изгледам, надворешно, а потоа морав да преминам да го средам и она што е „внатре“, што е уште потешка задача. За да се прифатите мора да се „смирите“ со вашето его, кое е непријателот во вас. Не сум експерт, но одев на терапии, слушав часови и работев на себе, затоа и можам ова да го кажат. Кога ќе ја смирите љубомората или лутината во себе, тоа ќе биде добро и за вас и за тие околу вас. Порано, за сечиј лош збор или ситуација, која на некој начин е поврзана со мене, мислев дека јас нешто сум виновна. Сега, подобро ги проценувам работите и ако јас немам никаква врска со тоа што некој се чувствува несигурно или е љубоморен, едноставно не сакам да се оптоварувам и преминувам преку тоа“, вели во едно од видеата.

Исто така, често дава предлози за тоа како да се дотерате за одредени пригоди, а одговара на прашања или тврдења на нејзините следачи.

@elisaberrinigomez

##fillers ##womenover50 ##team55 ##fashionista ##fyp ##italianwoman ##mexicanwoman ##grayhair ##style

Cucumba - Oliver Heldens & MOGUAI

 

Така, еден од нив, кој се занимава со корективна естетика, тврди дека таа има филери во усните. Гомез направи видео во кое открива кое моливче за усни го користи и ѝ се заблагодарува на мајка си за прекрасните усни. 

Исто така, еден од нејзините следачи ја праша зошто сака да изгледа постаро од тоа што реално е, а најмногу поради фактот дека има седа коса.

„Кој кажува како некоја жена треба да изгледа на 30, 40 или 50 години? И што значи тоа постаро? Јас се' уште одам на рок концерти (односно одев пред пандемијата), се уште носам шорц... Што значи тоа дека изгледам постаро? Јас сум доволно самоуверена и свесна за себе, така што не ми треба да изгледам поинаку“, е нејзиниот одговор.

Нејзината позитивна енергија и широка насмевка се навистина „заразни“, па не изненадува што ја следат илјадници луѓе. Воедно, таа е доказ дека годините не се никаква пречка и дека лесно можете да се вклучите во актуелните трендови, само доколку тоа ве интересира и сакате.

Во продолжение ви презентираме уште неколку видеа:

@elisaberrinigomez

##trousers ##officewear ##womenover50 ##team55 ##fashionista ##fyp ##italianwoman ##mexicanwoman ##grayhair ##style

Power Make Up - Vantage

 

@elisaberrinigomez

##scarftutorial ##womenover50 ##team55 ##fashionista ##fyp ##italianwoman ##mexicanwoman ##grayhair ##style

Let It Snow - Christmas Music

 

@elisaberrinigomez

##dresslikeascandinavianchallenge ##italianstyle ##womenover50 ##team55 ##fashionista ##fyp ##italianwoman ##grayhair ##whatspoppin ##style @franconery21

How to dress like a Scandinavian - Kelly Louise Killjoy

 

@elisaberrinigomez

##ootd ##christmasoutfit ##womenover50 ##team55 ##fashionista ##fyp ##italianwoman ##mexicanwoman ##grayhair ##style @franconery21

Body - Megan Thee Stallion

 

@elisaberrinigomez

##slimhack ##womenover50 ##team55 ##fashionista ##fyp ##italianwoman ##mexicanwoman ##grayhair ##style @franconery21

... is sweaty - Kellan

 

 

 

Објавено:
12 декември 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
3.253 пати