Каде и да се појави, Хелен Мирен привлекува внимание. На неодамна одржаната ревија на Долче и Габана во Венеција, актерката имаше спектакуларно појавување.
Во раскошна креација, со луксузен накит таа го привлече вниманието при доаѓањето на плоштадот „Сан Марко“.
View this post on Instagram
„Сонував многу необичен и прекрасен сон вчера. Сонував како сум на плоштадот „Сан Марко“ во Венеција, облечена како член на семејството Контарини, а пред мене се појавуваа прекрасни божици во рајски фустани, додека светеа молњи и громови, се појави виножито и како визијата исчезнуваше, така стаса дождот и тогаш се случи следново“, гласи поетичната инстаграм објава на Мирен за ревијата на Долче и Габана.
А она што се случи следно е танцот со колегата Вин Дизел.
View this post on Instagram
Следниот ден, на ревијата Аlta Sarttoria, изборот на Мирен беше сребрен фустан. На забавата подоцна, посака повторно да танцува, но овој пат со раперката Меган Сталион.
Убава, полна со живот и подготвена да го ужива до крајот онака како што сака - таа е навистина инспирација од која можеме да научиме за тоа што е „Долче вита“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Инаку, во Венеција од денеска почнува и филмскиот фестивал, а Мирен беше една од ѕвездите кои се појавија на црвениот килим.
Таа повторно одбра светкава креација, овој пат во минт нијанса, а довербата уште еднаш им ја даде на „Долче и Габана“.