Модна кралица: Кејт Бланшет смени четири стајлинзи во еден ден и во сите изгледа фантастично

13 август 2019

Актерката Кејт Бланшет деновиве е зафатена околу промовирањето на новиот филм „Where'd you go, Bernadette“.

Вчера беше во Њујорк, гостуваше во емисијата „The Today Show“, каде се појави во розов костум со дворедно закопчување и широко здолниште во истата боја. Креацијата е од брендот „Akris Resort“, а е искомбинирана со патики, голема сина чанта и очила за сонце со розови стакла.

Ништо помалку внимание не привлече и во совршениот костим од „Александар Меквин“ со сатенските волуменозни ракави во кралско сина нијанса. Со црни чевли на висока потпетица и мала чанта, таа ја заокружи комбинацијата која привлекува погледи.

За следните активности во Њујорк, Кејт се појави во кафени панталони со висок струк, во комбинација со свилена кошула со дискретен принт со отворени ракави од брендот „The Row“.

Во сличен стајлинг, со кошула во истиот крој само во жолта нијанса го заокружи својот престој во Њујорк.

Бонус стајлинг: Во рамки на турнејата за промовирање на новиот филм, последниот стајлинг на Кејт е бело одело во машки крој од модната куќа „Фенди“, во комбинација со кошула со принт. Моќно е зборот што би го опишал нејзиниот изглед.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cateblanchett (@cate_blanchettofficial) onAug 12, 2019 at 11:40pm PDT

 

Објавено:
13 август 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
605 пати