Насловната на филипинскиот Vogue ја краси 106 годишна тату мајсторка

31 март 2023

На априлската насловна на филипинскиот Вог се појавува 106 годишна старица, тату мајстор.

Таа е истовремено и најстарата личност што некогаш била фотографирана за ова престижно списание.

Венг Од, позната и како Марија Огеј, е првата жена од нејзиното племе Бутбут, која што ја изучила илјадници години старата техника на рачно тетовирање наречена batok.

Венг, која од неодамна стана позната благодарение на социјалните медиуми, на 15 години ја прекинала традицијата, што дозволувала само мажи да ја практикуваат оваа техника на тетовирање.

Жените од племето кои немале тетоважи биле сметани за неатрактивни и мажите не ги сакале. Сето ова се сменило низ годините, а денес традицијата се помалку се практикува.

Венг нема свои деца на кои би можела да го пренесе тату занаетот по крвна линија.

Затоа таа одбра една своја ученичка што успеала да ја научи техниката со надеж дека нема во целост да изумре.

Секоја чест!

 

Фото: Instagram

Објавено:
31 март 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
746 пати