Останете модно „видливи“ и по 50-та – Грејс Ганем ги носи најинспиративните пролетни комбинации

29 мај 2019

Останете модно „видливи" и по 50-та – е визијата на познатата 54-годишна модна блогарка Грејс Ганем, која стана препознатлива по својот игрив, темпераментен и храбар стил и во средовечната доба од нејзниот живот.

„Сè уште ја носам облеката на забавен начин. Не мора да „исчезнам", по одредена возрасна граница", ќе каже инспиративната блогерка по потекло од Монтреал, во едно свое интервју за Вог.

Еклектичноста е базична карактеристика на нејзиниот имиџ, што во комбинација со нејзиниот темперамент и ексцентричен профил, е еквивалент на инспиративна муза која ги бранува модните кругови.

Возбудливо и авантуристичко доживување ве очекува ако го отворите нејзиниот профил на Инстаграм @greceghanem. Иако првиот впечаток е фузија од бои и принтови, ако детално ги разгледувате фотографиите ќе сфатите дека во суштина се е одмерено и „на свое место".

Пролетта на нејзинот профл е истовремено шик, урбана, женствена и неконвенционална, во многу, многу бои...

 

Објавено:
29 мај 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
3.547 пати