Актерката Софија Вергара вчера се појави на премиерата на филмот „Ready Player One“ во Лос Анџелес. Таа се појави во друштво на сопругот Џо Mанганело, а изборот на облека е совршен за актуелната пролетна сезона.
Вергара се појави во фустан од брендот „Оскар де ла Рента“. Се работи за креација со цветен принт. Фустанот во горниот дел е топ без ракави. Половината е истакната со ремен, додека здолништето почнува да се шири од делот кај куковите.
Ова е идеален крој за тие што сакаат да ги сокријат недостатоците во пределот на колковите, задникот или долниот стомак.
Овој романтичен, пролетен фустан, 45-годишната актерката го усогласи со сандали во пастелно розова нијанса, едноставна клач чанта и минимален накит.
Воедно ова е предлог како можете да изгледате сезонава. Ако не се чувствувате комотно горниот дел да ви биде откриен, секогаш можете да додадете убава шал-марама или пак кратко сако.