Селин Дион неодамна на својот Инстаграм профил објави нови фотографии во златно боди и уште еднаш покажа дека не постои модно парче кое она не умее да го носи.
View this post on Instagram
Имено, се работи за легендарна креација на дизајнерот Тери Муглер, метално златно боди, во кое Селин изгледа моќно! Овој провокативен стајлинг ќе се најде на насловната страна на нејзиниот нов албум а идејата да го носи токму ова и да покаже уште една (модна) храброст, како што е и називот на албумот е на нејзиниот близок пријател Пепе Муњоз.
View this post on Instagram
Освен фотографии, објавено е и видео, во кое се гледа како се подготвувале за фото-сесијата и како Селин навистина изгледа, бидејќи за волја на вистината, финалниот изглед на фотографиите вклучува професионална обработка и фото-шоп.
Но, она што не подлежи на филтер е самодовербата со која го носи.
Инаку, ова боди со футуристичка естетика за првпат е претставено на ревијата на Муглер во 1995 година (колекција есен/зима 95/96), посветена на 20 годишнината од неговата кариера.
Честа прва да го носи ѝ припадна на манекенката Надја Ауерман, поради долгите нозе. Тринаесет години подоцна, Бијонсе се појавува во истото боди во спотот за песната “Sweet Dreams“.
Лани, Ирина Шајк заблеска во истото ова боди на насловната страна на магазинот „7Hollywood“, а еве и 50-годишната Селин Дион успешно го претстави парчето кое очигледно има богата историја и успешно се вклопи во различни модни приказни.
View this post on Instagram