Снегот денеска само дополнително нè мотивираше да го „засилиме" присуството на омилениот, топол шал во нашите секојдневни, вклучително и деловни комбинации.
Како задолжително модно парче за овој период од годината, шалот периодов ќе ни биде постојан придружник во нашите модни авантури и среќни сме поради тоа.
Особено кога се работи за деловниот изглед, топлиот зимски шал ќе ви понуди дополнителни опции за комбинирање на вашите деловни парчиња.
Секогаш го носиме во пар со зимскиот капут, но исто така може да го комбинираме и со базичниот блејзер, деловниот костум, со плетениот џемпер или со елегантните бели кошули.
Ако се работи за предимензиониран шал, може да да го потенцирате со ремен околу половината или едноставно да го наметнете на рамената.
Поиграјте си и со спојот на различните бои и дезени, така вашиот деловен изглед ќе добие дополнителна стилска вредност.
Ако некогаш ви недостасува инспирација како да го комбинирате, секогаш може да ги погледнете 20-те предлози што ги селектиравме од Пинтерест.
Фото: Пинтерест