20 чифта хулахопки со кои ќе блеснете на новогодишната ноќ

18 декември 2013

Ја направивте совршената комбинација за новогодишната ноќ, но се уште се двоумите за тоа какви хулахопки да облечете?

Истите можат да бидат со принт, со натписи, ѕвездички, мачиња или што уште не! Но, она што е најважно е да ги одберете соодветните за вашата новогодишна комбинација и секако притоа да не изгледате нападно.

Доколку се решивте да облечете некоја комбинација во која има некое светкаво парче, хулахопките дефинитивно треба да бидат што е можно помалку забележителни.

Ако пак се одлучивте за спротивното, односно за некое фустанче или здолниште во една боја, задолжителен акцент ставете на хулахопките.

Ние ви нудиме вкупно 20 чифта на хулахопки со кои ќе блеснете на новогодишната ноќ, без разлика на тоа кои од нив ќе ги одберете.

Објавено:
18 декември 2013
Категорија: 
Тренд