Да ја започнеме 2022 со стил: Топли слоевити комбинации за секој ден од јануари
•
3 јануари 2022
Ставаме точка на 2021 и веќе фрламе моден поглед на 2022 година.
Што нè очекува таму во уличната мода?
Нашите предвидувања базирани на актуелните зимски тенденции, велат дека јануарската улична мода секако е топла и слоевита, но истовремено и бунтовна и лежерна и женствена.
Растеретена од ограничувања во секој поглед, модата овој јануари дава акцент на слободата индивидуалноста.
Токму во тој стилски правец е и нашиот избор на 31 стилски аутфит за секој ден од првиот месец од годината.
Палета од неутрални, но и интензивн тонови, пријатни плетенини, волнени палта и блејзери, комбинации на ткаенин и дезени – пред нас е возбудлива улична мода.
Фото: Пинтерест