Ако елеганцијата е вашата модна фрекфенција - позајмете стилски идеи од уредничката на грчкиот Вог

31 август 2023

Ако природата на вашиот стил е елегантна, дамска и суптилна, тогаш веруваме дека ќе ве инспирира и ќе ви даде идеја плус, имиџот на уредничката на грчкиот Вог, Талеја Карафилиду.

Родена во Солун, со дипломи по право и комуникации, има богато работно искуство пред се во делот на односи со јавност, маркетинг и авторски права, а од 2018 година е назначена за Главен и одговорен уредник на грчкиот Вог, со што тогаш со нејзините 29 години била најмладата главна уредничка во семејството на модната библија.

Негува дамски, елегантен и ненаметлив стил, а сепак впечатлив и секогаш во координација за приликата.
Ако го разгледате нејзиниот профил на Инстаграм, ќе наидете на бизнис жена која умешно знае да ја трансформира безвременската елеганција во модерни и дамски аутфити.

Често бира миди фустани со интересни дезени или пак минималистички комбинации во чисти кроеви.
Нејзиниот стил е инспиративен особено за деловните жени, поради секогаш присутната нота на модерна бизнис естетика.

Доколку сте на иста модна фрекфенција, ќе наидете на богата инспирација.

 

Објавено:
31 август 2023
Категорија: 
Тренд