Апсолутен тренд кај мажите: Целосно белите комбинации се ин!

11 март 2014

Последните неколку сезони можевме да ги видиме мажите како експериментираат со колоритни парчиња и мора да признаеме дека тоа беше чекор за пофалба. Со тоа што модерните мажи стануваат сѐ поавантуристички настроени, нивните избори на боја и парчиња постојано се менуваат.

Последниот тренд што нѐ воодушеви се машките комбинации во бела боја. Сѐ повеќе мажи ја покажуваат нивната храбра страна кога станува збор за облека и експерименти и се одлучуваат за целосно бели комбинации.

Сето тоа можеби е резултат на многубројните дизајнерски колекции од последните модни недели каде бевме сведоци на неколку ревии со целосно бели машки комбинации кои многумина ги оценија како главен фокус кон модерниот минимализам.

Долче и Габана Долче и Габана

Оваа пролетна сезона, белата боја дефинитивно е една од омилените. Истата е боја што многу лесно се комбинира и ја избира мнозинството мажи. Токму тоа на мажите им го препорачуваат и големите дизајнери како Џил Сандер, Долче и Габана, но и Емпорио Армани.

Модниот свет ќе каже дека белите комбинации од „глава до пети“ се можеби најголемиот тренд за сезоната пролет/лето 2014 кај мажите. Со истите, дефинитивно ќе оставите голем впечаток, а девојките ќе ве обожаваат.

За да не погрешите при правењето на белите комбинации, во продолжение инспирирајте се од парчињата од писта, но и од разните каталози на модните куќи ширум светот.

Објавено:
11 март 2014
Категорија: 
Тренд