Белиот џинс во сите летни изданија: 10 комбинации од уличната мода

13 јуни 2020

Џинсот ужива култен и безвременски статус – и во модна и во културолошка смисла, па затоа парчињата изработени од џинс припаѓаат на категоријата „секогаш вредни за инвестиција".

Поради тоа што независно од сезоните и тенденциите, џинсот е секогаш присутен, дизајнерите се во постојана креативна конкуренција, како да го модифицираат и му дадат поинаков, нов лик.
Ние пак, сме во постојана потрага по инспирација, како џинс парчињата што веќе ги поседуваме, да ги комбинираме во впечатливи и кул изданија, соодветни на нашиот личен имиџ.

Во денешните предлог комбинации, посветуваме внимание на белиот џинс и посочуваме 10 различни начини како да го имплементирате во вашиот стил, следејќи го примерот на актуелната улична мода.
Секогаш може да ги имате во предвид едноставнте и минималистички аутфити, што вклучуваат обична еднобојна маичка, блејзер или кошула, комбинирани со патики, сандали, високи потпетици или пак кломпи, во зависност од пригодата.

Фото: Пинтерест

Објавено:
13 јуни 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.334 пати
Тагови: 
бел џинс