Белите панталони се задолжително парче за ова лето

30 јули 2013

Во сезона во која доминира лежерната бела елеганција, логично е да се донесе заклучок дека белите панталони се апсолутно задолжително парче облека кое треба да го имате но и да го комбинирате правилно. Ако пролетта помина во знакот на силните бои и цветните принтови, летото останува задолжително обоено во бело.

 

Белите панталони во различни форми и материјали можете да ги споите со сите парчиња од својот гардеробер и тоа за секакви прилики. Во комбинација со пуловер ќе добиете совршен софистициран изглед, ако ги облечете со некоја откачена маичка или некој едноставен топ во нежна боја, ќе имате стајлинг кој поминува со секоја неформална прилика.

 

Интересни модели на фармерки и панталони во бела боја се секогаш лесно достапни, а на вас останува само да ја изберете вашата омилена комбинација.

Објавено:
30 јули 2013
Категорија: 
Тренд