Близначки од Данска освојуваат со својот минималистички стил

23 август 2023

Амали и Сесили се две близначки од Копеханген, Данска кои се истовремено модели и дизајнери.

Сканди девојките се моментално една од најголемите модни инспирации, со оглед на тоа што Модната недела во Копенхаген опасно им конкурира на Миланската и Париската.

Близначките се препознатливи по нивниот минималистички и донекаде униформиран стил. Тие се против претерувањата и непотребната сензација во модниот израз.

Амали и Сесили ја започнаа кариерата како модели во 2015-та, на свои 16 години.

Нивниот прв ангажман беше за Прада за време на модната недела во Милано, по што следуваа уште многу соработки и ангажмани.

Сепак сестрите сакаа својата креативност да ја изразат преку лична изработка, па така стартуваа бренд за накит наречен Lié Studio. Станува збор за дискретни мининалистички парчиња со доза на “тивок” луксуз.

Во однос на нивниот стил, тие велат дека е безвременски и удобен. Не сакаат експериментирање и често носат исти парчиња.

Лелеави фустани, класични фармерки, бели кошули, палта, балетанки и чизми се парчињата по коишто се овие две девојки препознатливи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by LIÉ STUDIO (liestudio_)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by LIÉ STUDIO (liestudio_)

Објавено:
23 август 2023
Категорија: 
Тренд