Блогерката чиј деловен имиџ е реплика на современиот живот

16 април 2019

Секогаш беспрекорно дотераната модна инфлуенсерка Хана која стои зад модниот блог и Инстаграм профил @cocobeautea, во својот стил умешно прави микс на префинета елеганција со лежерен и удобен изглед.

Токму затоа во нејзиниот имиџ гледаме реплика на современото и динамично секојдневие, во кое деловните жени преферираат стил што истовремено ќе биде шик и ќе зборува за нивната личност, но ќе им ја обезбеди и неопходната удобност во текот на целиот работен ден.

Најчест избор во нејзините комбинации се панталоните со висок струк, во крој што овозможува лесно движење, комбинирани со кошула или женствена блуза и блејзер. Многу често наместо високи потпетици, ќе забележите дека таа имплементира патики или мокасинки, што изгледаат исклучително добро во целината.

Во однос на колоритот е резервирана и не експериментира, туку во нејзината палета доминираат земјените тонови. Во нејзиниот избор на деловни комбинации ќе се пронајдат многу модерни деловни дами, па затоа ви го посочуваме нејизниот профил како секојдневна инспирација.

 

Објавено:
16 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.942 пати