Во оние моменти кога ве повикаа на забава во последен момент, а не знаете што да одберете за да изгледате супер стилски, двојката боди + џинс е секогаш шик избор.
Зависно од расположението, одберете материјал и дезен по ваш избор, а секогаш во плакарот имајте барем едно боди во црна боја од памучен материјал.
Носете ги со фармерки со висок струк во светла нијанса, патики, сандали на висока потпетица или некои интересни влечки.
Ова лето, во high street продавниците има огромен број модели кои можете да ги комбинирате и со малку поелегантни панталони, па дури и со здолништа по ваш избор.
Вистински хит сезонава се моделите со еден ракав во кои девојките се вљубија на прв поглед, а кои се совршен избор и за летни свечености како свадби и слично.
Комбинацијата боди + џинс или панталони можете да ја носите и за извршување на секојдневните обврски, но и за на дневна шема кафе со пријателките.
Во галеријата инспирирајте се за некоја ваква комбинација доколку сè уште не сте носеле.
Инфо и фото: Bonjour.ba