Црно-бел зимски минимализам

3 декември 2021

Независно од сезоната и трендовите, спојот на црни и бели комбинации секогаш поминува беспрекорно.

Но, бидејќи оваа комбинација е често форсирана, секогаш сме во потрага по нови идеи и концепти како да ја вклопиме на уникатен начин во нашиот имиџ.

Инспирација побаравме кај модната блогерка и сопственичка на истоимената етикетиа, Anine Bing, која се прослави во модниот свет токму со нејзината замисла за совршено прочистен минималистички дизајн и за кратко време успеа да создаде бренд од своето име.

Во нејзината актуелна зимска линија доминираат токму црно-белите сетови, во минималистички кроеви спојувајќи женствена мистика и моќен, па и на моменти строг израз.

Вљубеничките во минималистичката естетика ќе најдат инспирација во продолжение...

Фото: Instagram/Anine Bing

Објавено:
3 декември 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.375 пати