Деловни комбинации инспирирани од стилот на познатите дами

15 јуни 2016

Доколку ви недостасува идеја како да ги комбинирате вашите омилени деловни парчиња, тогаш инспирирајте се од омилените познати стилски дами, особено од оние кои и во својот секојдневен имиџ го практикуваат деловниот стил.

Една од нив несомнено е Викторија Бекам која дури и нејзините колекции ги креира врз основа на нејзиниот индивидуален-деловен имиџ, па изобилуваат со бројни парчиња што соодветно би се вклопиле во стилот на секоја бизнис – жена.

Викторија Бекам

Белата класична кошула, црните панталони со висок струк, здолништето до под колена се незаменливи кога е во прашање деловниот дрес код. Но, автентичноста и сопствениот стил и тоа како имаат влијание во визуелната појава на секоја деловна жена, па затоа е значајно да правите впечатливи комбинации и покрај стандарните деловни парчиња.

Во тоа значаен удел имаат секако модните додатоци, соодветниот избор и комбинација на бои – и најзначајно вашиот став.

Лили Колинс

Џесика Алба

Оливија Палермо

Сиена Милер

Алесандра Амбросио

Објавено:
15 јуни 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.435 пати