Дизајнерски парчиња инспирирани од ентериер

14 октомври 2013

Од ботанички градини па се до интересни цветни тапети, традиционалните мотиви од најразлични ентериери дефинитивно им дадоа голем печат на пролетните колекции за 2014 година.

Многу од дизајнерите на модните недели решија да вметнат голем број елементи во нивните парчиња облека со што направија истите да изгледаат навистина одлично.

На модните писти најмногу од се можевме да видиме цветни дезени, но не изостануваа ниту дизајните во пруги и различни форми, со што уште еднаш се докажа дека модата и внатрешниот дизајн многу често се во врска.

Објавено:
14 октомври 2013
Категорија: 
Тренд