Доза инспирација со џинс фустани

1 септември 2023

Есента сама по себе е време кога можеме да си играме со облека на слоеви. Тоа значи дополнителна инспирација за креирање на тренди стајлинг.

Иако имаме уште време за летно уживање, не е лошо да започнеме со планирање на есенската гардероба.

Едно од парчињата што сигурно ќе ви се допадне е џинс фустанот. Беа застапени пролетта, а ќе ги носиме и оваа есен.

Модните блогерки веќе споделуваат свои фаворити од овој фустан на социјалните мрежи. Џинс фустаните може да ги споите со кошула, џемпер, блејзер...со чизми, патики или балетанки.

 

Фото: Pinterest

Објавено:
1 септември 2023
Категорија: 
Тренд