Доза инспирација со плетени комплети

5 декември 2023

Плетените сетови се како измислени за зимскиот период. Истовремено практични, тренди, комфорни и топли - сето она што ни треба за да се чувствуваме убаво во еден ладен ден.

Одлично решение се за секоја пригода од формална до секојдневна, во зависност од тоа со какви чевли ќе ги споите. Со плетените сетови не мора да размислувате со што да ги комбинирате, веднаш добивате целосен аутфит.

Само треба да ги додадете вашите омилени чизми и капут и подготвени сте за денот што следи.

Во однос на бои доминираат крем, кафената и сивата нијанса, пастелните тонови и по некој црвен атрактивен сет.

Најзастапени се класичните широки џемпери и миди здолништата, но тука се и панталоните со рамен крој и мини здолништата.

Плетените сетови може да се носат и одвоено. Можете да комбинирате топ со широки фармерки или свилено здолниште, додека плетеното миди одлично се совпаѓа со кошула, џемпер и високи чизми.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by(katrinstr)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (katrinstr)


Објавено:
5 декември 2023
Категорија: 
Тренд