Две тенденции споени во едно модно парче кое воедно е и моден предвесник на пролетта – џинс мантил.
Оваа сезона ќе биде „преплавена" во џинс, а мантилите изработени од џинс ќе ги предводат тенденциите.
Со оглед на неговата популарност оваа сезона, џинс-мантилот ќе го комбинираме во инвентивни аутфити за различни намени – од деловни комбинации со одела, класични панталони и кошули и здолништа до урбани и лежерни изданија со тренерки и патики.
Оние модели во пошироки, па и предимензионирани кроеви може да ги нагласите и со ремен околу струкот, со што ќе добиете уште повпечатлив изглед и потенцирана силуета.
Уличната мода секогаш носи доза на дополнителна инспирација, па во продолжение токму опттаму ви предлагаме неколку идеи како оваа пролет да го комбинирате џинс-мантилот.
Фото: Пинтерест