Ен Хатвеј знае како се носат сончеви нијанси

7 јуни 2022

Ен Хатвеј се појави во жолто од глава до пети на настан на Bvlgari во Париз и денеска е главна модна тема во медиумите.

Изборот на ваква нијанса бара храброст, но уште повеќе бара умешност како да ја комбинирате и став како да ја носите на себе.

Ен очигледно го направила успешниот спој од сите.

Изгледа фантастично и свежо, во долга наметка и кратки бермуди во интензивна, лимон-жолта боја. Но, целиот изглед добива луксузна нота преку изборот на накит, а истовремено е неутрализиран со природниот мејкап.

Еден ваков вибрантен летен изглед, беше доволна иницијатива да ги пронајдеме најфраерските сончеви комбинации на интернет и да ви ги селектираме во една урбана модна фото-галерија.

Објавено:
7 јуни 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
529 пати