Есенцијални женски парчиња за релаксиран летен изглед

19 јуни 2014

Иако сме во 3-та седмица од месец јуни, а веќе од сабота 21-ви и официјално ќе му кажеме добредојде на летото, времето и не баш потсетува на топлата сезона. Но, веруваме дека жешките денови допрва доаѓаат, а додека сме во исчекување на вистинското лето можеме да ги подготвиме клучните парчиња облека во кои е загарантирана  релаксираноста и комфорот.

Roberto Cavalli Roberto Cavalli

 

Релаксираниот изглед не значи и ноншалантност, туку напротив може да биде тренди спој од парчиња кои светските дизајнери и брендови ги понудија на писта од пролет-лето колекциите за 2014 година. По минатогодишната топла сезона што  ја обележаа кратките тесни панталони и летните  цигара фармерки, во новата  „влегуваме“ со лелеави и опуштени силуети што не ја нагласуваат линијата на телото. Мајкл Корс, Марни,Ермес, Роберто Кавали се само дел од многуте што нудат слични парчиња како: широките кратки и долги бермуди, бојфренд фармерките, предимензионираните елеци и лесните принт кафтани.

Victoria Beckham Victoria Beckham

 

Летото е синоним за забава, опуштеност, летни одмори, затоа сигурно не сакате да го поминете во гардероба од која ќе се чувствувате стегнато и испотено. Фото галеријата нека ве инспирира кои од овие есенцијални парчиња веќе ги поседувате, а кои недостигаат во вашиот гардеробер, а Вам ви се допаѓаат.

Објавено:
19 јуни 2014
Категорија: 
Тренд