Есенската сезона ни се доближува, а со тоа актуелноста на мантилите се враќа.
Во морето класични мантили, кои несомнено се добар избор, ние денеска ви презентираме еден малку поинаков модел, кој е вистнски хит меѓу модните инсајдери.
Се работи за транспарентен ПВЦ мантил од „Балман“, кој беше претставен на модната недела во Париз, а дел е од колекцијата есен/зима 2019.
На пистата беше претставен онаков каков што е - проѕирен и со таканаречените „шилести нитни“. Но, интерпретацијата на истото парче што го носеше Лупита Нјонго предизвика уште поголемо внимание.
Имено, актерката го носеше во март годинава, во комбинација со бела кошула фустан и метален впечатлив ремен. Го искомбинира со дијамантски сандали.
View this post on Instagram
После неа, истово парче го носеше и Кара Делевињ во реклама на „Балман“ за чанта, во сличен стајлинг.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Од досега прикажаните стајлинзи, видовме дека одлично изгледа во комбинација со парчиња во бела нијанса, но ќе биде интересно да се види како изгледа и во црна или во некоја боја.
View this post on Instagram
Како и да е, ова несекојдневно парче (или негови варијанти) се супер избор за сите што сакаат похрабар моден избор и што сакаат да излегуваат од класичните модни граници.