(Фото) Сите лица на плисираниот фустан во летната улична мода
•
10 август 2023
Го има оној совршено дозиран ретро шмек, за да ја донесе безвременската елеганција во современото модно секојдневие.
Плисираните фустани никогаш не изгубиле од својата атрактивност, напротив, во секоја нова сезона добиваат нова интерпретација токму поради тоа што плисе техниката е бескрајно инспиративна за прикажување на креаторските вештини. А дизајнерите го сакаат тој предизвик.
Така и ова лето на модните улици ги гледаме сите лица и верзии на романтичниот плисе фустан, со една нота на носталгичен шарм.
Меѓу моделите во смели колор-бок комбинации и оние со минималистичка естетика, на фотографиите погледнете ги најактуелните модели на лисирани фустани во уличната мода ова лето.
Фото: Пинтерест