Кога станува збор за француската естетика се согласуваме е една од доминантните на модната сцена.
Голем број на дами секојдневно црпат инспирација токму од стилот на Французинките за којшто знаеме дека е беспрекорен.
А помеѓу сите парчиња облека, се наоѓа и безвременскиот блејзер налик на креацијата од Коко Шанел.
Украсен со шармантни копчиња, тој со себе носи елеганција и софистицираност на едно повисоко ниво.
Голем број на брендови од типот на Зара, Манго и Бершка имаат свои варијанти на блејзерот од Шанел кои што можат да се комбинираат за секакви прилики.
Класични или кропирани модели, ваше е да одберете во зависност од тоа што сакате да истакнете.
Покрај варијантата од твид којашто е заштитен знак на Шанел, овие блејзери можат да бидат и од волна и плетени.
Одлични се за ладното време, а во однос на боите доминира неутралната палета.
Земјените тонови можете да ги комбинирате со повеќе различни парчиња, а доколку се одлучите за шарен блејзер тогаш истиот нека биде во фокус на вашиот стајлинг.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Уште неколку...
Фото: Pinterest, Instagram