Благодарение на познатите модни дизајнери и популарните брендови, оваа сезона на пиедестал се враќаат едни од омилените парчиња – фустани и блузи на преклоп.
Дамите ги обожаваат бидејќи во принцип им прилегаат на сите, ако го одберете моделот и бојата што ви прилегаат.
Оваа прекрасна пролет најголем дел од моделите се широки од половината надолу, што значи дека би им прилегале на сите.
За топлите сончеви денови најдобро е да одберете некоја светла нијанса или пак да ставите акцент на цветните детали, но секако нема да погрешите што и да одберете.
Овие фустани се совршен избор ако сакате да изгледате елегантно на работа, но и на сите дружби или свечени пригоди.
Блузите комбинирајте ги со џинс со висок струк, додека фустаните со чевли на платформа или висока потпетица.
Дополнително украсете ги со некој накит соодветен за ситуацијата, очила за сонце, шапки или пак некое палто доколку говориме за оваа преодна сезона.
Инфо и фото: Modamo.info