Фустанот кој им стои речиси на сите жени!

26 ноември 2019

Каја Гербер неодамна се појави во фустан кој ни го привлече вниманието. Се работи за парче од брендот Reformation, a кој е достапен и во поголеми броеви.

Со тоа тимот на полскиот уличен бренд порача дека одлично може да стои на жени со различна градба и со варијација во килограмите.

Имено, се работи за фустан кој во горниот дел има правоаголно деколте, ракавите се долги и малку широки, додека пак, здолништето е сошиено од парчиња. 

Дел од грбот е со ластик, со што е лесно прилагодлив на различни величини. Со шлицот на страна е со доза на сексапил и провокативност и е вистински погодок за различни пригоди.

Истиот го носеше и Џулијан Хју.

Цената на фустанот е речиси 15.000 денари, а погледнете како стои:

 

 

Објавено:
26 ноември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.559 пати