Фустанот на преклоп доби нова стилска трансформација

3 јули 2014

Фустанот на преклоп се враќа на голема врата и тоа, овојпат, подобар од кога и да е! Оваа сезона, тој доби неверојатно стилска трансформација и за да биде уште подобар, сега има и своја „сестра“ – здолништето на преклоп.

Сето ова не би било возможно, доколку во 1974 – тата година, креативната и смела дизајнерка Диан фон Фурстенберг не му го претставеше на светот основниот модел на фустанот на преклоп.

За прв пат, таа го претстави овој фустан на изложбата на тогаш ултра популарниот Енди Ворхол во леопард принт верзија, по што оттогаш, овој фустан доби безброј трансформации.

Најновата трансформација на фустанот на преклоп ни доаѓа оваа сезона и истиот можеме да го видиме во најразлични принтови, во јаки бои, во неколку различни форми, во куси и долги изданија со шлиц.

Особен впечаток ни остави секогаш стилската Дајан Кругер која фустанот на преклоп го однесе на едно повисоко, ултра шик ниво.

Дека фустанот на преклоп ќе доминира низ улиците и оваа сезона, покажуваат и новите форми директно лансирани од модните куќи, а доколку се прашувате, нашиот омилен сѐ уште е лелеавиот фустан на преклоп со висок шлиц!

Уживајте во фотографиите и одберете си еден за вас.

Објавено:
3 јули 2014
Категорија: 
Тренд