Гладијаторките се враќаат ова лето

5 мај 2023

Гладијаторките беа навистина популарни на почетокот на новиот милениум, кога ги носеа трендсетерки како Кејт Мос и актерката Сиена Милер.

Овие сандали имаа свои фази на подеми и падови, а потоа како да исчезнаа од модната сцена. Сепак модата е непредвидлива и брзо се менува и се чини дека ова лето гладијаторките ќе го имаат својот камбек.

Како што повторно се вратија мини здолништата, фармерките со низок струк и карго панталоните, и овој тип на сандали се запишува во низата на модни повратници.

Моделот се одликува со ремчиња/врвки коишто ја следат линијата на ногата понекогаш и до коленото. Можат да се комбинираат со различен аутфит, а најчесто ги гледаме во црна, беж или светло кафена нијанса.

...и уште неколку

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (karinaross)

Фото: Pinterest, Instagram

Објавено:
5 мај 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.144 пати