Хавајските шари се најегзотичен летен мотив

18 јули 2013

 

Ретко која шара толку многу потсетува на лето како хавајскиот принт. Дизајнерите сезонава обилно аплицираа тропски шари на летните парчиња облека, без да реферираат на едно од најомразените парчиња од машката гардероба- хавајската кошула, туку создадоа шик изгледи во интензивни бои што може да се забележи во моделите на Кензо и на Изабел Марант. Хавајскиот принт се среќава и на улиците во вид на комбинезони со крупни тропски цветови, во комбинација со еднобојни парчиња облека и со детали во флуоресцентни бои.

 

 

 

 

 

Објавено:
18 јули 2013
Категорија: 
Тренд