И топли и стилски – зимски комбинации за минусни температури

19 декември 2019

Да, може да изгледате шик и да се дотерате и во „слоеви" на минусни температури.

Зимата и студеното време, не ве ограничуваат во вашата намера да покажете стил, па макар било и во шал-ќебе или дебел змски капут.

Постојат ефективни трикови, како да додадете естетски шмек на вашиот зимски аутфит, а може да ги забележите и во уличната мода.

Секогаш може да ви помогнат модните додатоци, што имаат моќ да го трансформираат вашиот изглед. Ремен во комбинација со масивен шал, романтична беретка, зимски шешир, штосни ракавици, крзнени детали – звучи инспиративно?

Играта со бои исто така може да ви биде од голема корист ако сакате да постигнете впечатлив стилски ефект, па не штедете на колорит. Комбинирајте интензивни со пастелни бои или пак на монохроматските комбинации додајте им детали во јаки нијанси.

Како изгледа впечатлива улична мода во зима, погледнете низ фотографиите, а притоа инспирирајте се.

Фото: Pinterest

Објавено:
19 декември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.114 пати