Таа важи за една од најсофистицираните турски модни блогерки. Нур Билен Јавузер е бизнис и модна дама која последниве неколку години направи успешна трансформација од светот на туризмот во светот на модата и го основаше козметичкиот бренд Beauty omelette.
Има фантастичен стил во кој доминира минимализмот, но секогаш потенциран со некој автентичен, индивидуален печат.
Со оглед на тоа дека е и деловна жена, многу умешно во нејзиниот имиџ се соединуваат женственоста и елеганцијата со урбани и свежи идеи за актуелните тенденции.
Оваа зима нејзиниот Инстаграм профил е обоен во топли, земјени тонови, а парчињата што најчесто ги комбинира во нејзините зимски стајлинзи се во лежерни и опуштени крови, но женственоста не е изоставена во ниту еден момент.
Доколку преферирате опуштена елеганција, на нејзиниот Инстаграм профил сигурно ќе најдете инспирација.
Фото: Инстаграм