Инстаграм стил: Топ 10 комбинации позајмени од имиџот на креативната директорка на Сваровски

21 април 2022

Џована Батаља важи за еден од највлијателните ликови на современата модна сцена. Како креативна директорка на луксузниот бренд Сваровски и како моден уредник со долгогодишно искуство на позиции во најпрестижните модни магазини, меѓу кои и Vogue и W, самоуверено ги диктира модните текови.

Секако, тука е Инстаграм за „директна" испорака на модните тенденции преку нејзиниот личен стил.

Гледано од нејзина перспектива, модата секогаш треба да биде забавна, гласна и доминантна. Затоа, таа секогаш бира да се издвои од мнозинството, преку авангардни модни парчиња, впечатливи комбинации на дезени и бои или отмен накит.

Токму затоа за нас беше доволно инспиративна, да уживаме листајќи ги фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил и издвојувајќи 10 модерни комбинации што би сакале да ви ги предложиме како идеја што би можеле да искоминирате во ситуација кога сакате да оставите силен стилски впечаток.

Тоа може да биде и некоја посебна прилика, свечен настан, но и пријатна вечер со пријателите, кога едноставно имате потреба модно да се истакнете.

Како пример ќе ги посочиме нејзините фантастични дводелни одела стилизирани со блескав накит, женствените фустани со волумензони ракави или комбинациите кои вклучуваат впечатлива комбинација на бои.

Ова е нашиот Топ 10 инспириран од имиџот на Џована Батаља.

Фото: Инстаграм

 

Објавено:
21 април 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.080 пати