Веќе знаете дека кадифето е еден од омилените зимски материјали, па така сите парчиња изработени од истиот се добредојдени.
Без разлика дали ќе одберете целосен женски костим, здолниште, фустан или комбинезон од кадифе, нема да погрешите.
Она што задолжително треба да го имате во плакарот е и палтото од кадифе кое ќе биде вашиот сојузник во деновите кога сакате да се чувствувате впечатливо и на работа.
Истото комбинирајте го со фармерки, панталони, едноставна бела кошулка или некоја шик маичка со натпис.
Одлично е бидејќи можете да го комбинирате и со некое фустанче за свечени прилики, а ќе биде совршен избор и за настаните поврзани со празниците што доаѓаат.
Задолжително набавете си едно во темна боја, но оваа сезона експериментирајте и со јаките бои како розова, сина, црвена или портокалова за уште повпечатлив изглед.
Инфо и фото: Modamo.info