За многумина кафените панталони се омиленото есенско парче, особено кога зборуваме за долните делови од нашите комбинации.
Изгледаат смело, шик, а нивната неутралност дозволува да бидат искомбинирани во нарјазлични комбинации без разлика на стилот, а сепак, ефектот кој се постигнува со нив значително се разликува од оној на црните, белите или пак панталоните во било која друга боја.
Во зависност од кројот и материјалот од кој се изработени, можат да бидат одлични за комплетирање на деловни комбинации во спој со мокасини, бели кошули, беж џемпери и блејзери, но и лежерни комбинации за прошетка во природа или за на кафе со пријателите, кога можеме да ги споиме со патики, блуза или џемпер во секоја боја, палта и јакни во земјени тонови.
Погледнете како да ги носите кафените панталони оваа есен.
Фото: Pinterest