Како стилските девојки на Инстаграм го носат најпопуларниот фустан од Манго

11 мај 2018

Ако Инстаграм е репер за тоа кои се актуелни модни парчиња, тогаш едно од најпопуларните сезонава е роматичниот фустан на преклоп од Манго.

Се работи за макси фустан со висок страничен шлиц со карнери од колекцијата Committed, изработен од мек и природен материјал, што е од исклучителна важност, особено во летниот период.

Ако ги разгледате Инстаграм профилите на популарните ИТ девојки, овој фустан ќе го забележите имплементиран во стајлинзите кај голем дел од нив.

Предноста на ова популарно парче од Манго, е што може да се комбинира и во дневна и во вечерна варијанта, со удобни ниски сандали или со високи потпетици и мини клач чанта.

Меѓу популарните стилски девојки што го обожуваат се и трендсетерките: Роберта Бентелер, Сабина Сокол, Кристи Тајлер, Ќјара Капитани, а секоја од нив му дава сосема поинаков шарм и модна димензија.

Фото извор: Инстаграм

 

 

Објавено:
11 мај 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.882 пати