Сведоци сме на безброј нови трендови кои доаѓаат со секоја нова сезона, па така и оваа есен. Но, не можеме да одречеме дека колку и да им се радуваме на модните новитети, секогаш ќе постојат моменти кога радо ќе им се вратиме на омилените класични парчиња облека чија сестраност ги прави совршен избор при планирањето на секојдневната гардероба, без разлика на пригодата.
Фото: Pinterest
Такво парче е незаменливиот кариран блејзер, познат по својата стилска приспособливост, како во деловниот, така и во лежерниот гардеробер. Карираниот блејзер изгледа одлично во спој со класични панталони, макси и миди здолништа за поформални пригоди, како и шорцеви, фармерки, лелеави фустанчиња и кратки здолништа во порелаксираните ситуации.
Фото: Pinterest
Карираните блејзери се одличен избор за есенските денови и внесуваат доза на неодолив есенски шарм на секој изглед. Неговата верситалност и можност да се вклопи во секоја комбинација без разлика на сезоната прави да е навистина одлично парче во кое вреди да се инвестира.
Фото: Pinterest
Ако се прашувате како да го комбинирате вашиот омилен кариран блејзери оваа есен, погледнете некои од нашите предлози подолу.
Фото: Pinterest