Какви бои ќе носиме есенва?

29 август 2017

Институтот „Пантон“ секоја сезона ни ги предочува трендовите, барем кога се боите во прашање.

Ако минатата есен доминираа сините нијанси, оваа ќе доминираат црвените. Беж и сивата остануваат стандардно, а кои се останатите во кои ќе ја боиме претстојната сезона читајте во продолжение:

Grenadina

-Светла, раскошна, жива, една од највпечатливите нијанси од црвената палета. За претстојната сезона набавете си макар едно парче во оваа боја, а ако облеката ви е смела, тогаш нека биде карминот.

На овој начин ќе привлечете внимание, но и ќе внесете живост во есенските комбинации и живот. Брендовите „Оскар де ла Рента“, „Џејсон Ву“, „Макс Мара“ се само дел од оние што ги вклучија во своите есенски колекции.



Tawny Port

Се работи за темноцрвена, односно бордо боја, која се поврзува со страст, задоволство и самодоверба. Ако сакате да излгедате елегантно и префинето, ова е нијансата што треба да ја одберете. Припаѓа на црвената палета, а оваа есен посебно популарни ќе бидат и монохроматските комбинации, идеални за повеќе пригоди.



Ballet Slipper

Оваа префинета и нежна комбинација ќе ја гледаме често следната сезона. Во комбинација со сива или беж е една од најпосакуваните. Основните парчиња во есенскиот гардеробер може да ви бидат токму во оваа нијанса. Нема да згрешите.



Butterum

Како што рековме и на почетокот, бежот е основата во речиси секоја есенска сезона (а сè почесто и во другите). Одлично изгледа на парчиња од трикотажа, плетенини. Ако купувате блузи и здолништа, купете некое и во оваа боја и ќе добиете основа за бројни комбинации.



Navy Peony

Неутралните бои како што е темносината се идеални за оние што обожуваат смели модни комбинации. Зошто? Затоа што Navy Peony се комбинира одлично со сите нијанси на Grenadine. Ако пак, ја ставите да биде во центарот на комбинацијата, тогаш ќе изгледате мистично, секси и моќно.



Neutral Gray

Уште една неутрална нијанса, која се поврзува со смиреноста. Ова е идеалната нијанса за сите што ги сакаат неутралните бои и есенската меланхолија. Трендсетерите пак ја сакаат затоа што можат да ја користат како основа за смели модни комбинации. Совршена за деловни комбинации, но со соодветна на пример сина нијанса, и некој впечатлив моден додаток можете да ја искористите за вечерен изглед.



Shaded Spruce

Нема есен ниту без зелени нијанси. Зелената беше прогласена за боја на 2017 година. Сепак, нејзината динамичност не е секогаш лесна за комбинација. Од трендовите на писта можеме да украдеме по некоја идеја и да ја вклучиме во гардероберот така што ќе имаме некој мантил во оваа нијанса или да речеме кожено здолниште.



Golden Lime

Сончево жолтата и „сочната“ зелена се боите со чиј микс се добива  Golden Lime, која претстојнава сезона внесува освежување во колекциите. Ќе се согласите дека нијансата е необична, несекојдневна, а можете да ја комбинирате со нијанси на бургунди или темносина. Ако немате идеја, побарајте ја колекциите на Тори Бурч или J.Crew.



Marina

Морско сината нијанса веројатно е една од најочекуваните за есенската сезона. Умерено светла, а истовремено и елегантна, таа ќе внесе печат во комбинациите со неутрални бои. Најдобро се комбинира со бели, сиви, беж и сите нијанси на црвена. Имате можност да бирате и комбинирате колку сакате.



Autumn Maple

За крајот, ако мислевте дека на списокот ќе изостане една типична есенска нијанса, се лажете. Оваа сезона тоа е портокаловата со сите нејзини нијанси – од темнопортокалови до црвено-жолти. Внесува свежина во есенските стајлинзи, а совршено се вклопува со неутралните и сини тонови. 

 

фото извор: refinery29.com; lamode.info

Објавено:
29 август 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.672 пати