Оваа година е година на смели избори, од ретро до футуризам и бесмртната класика. Година на јаки бои и откачени форми и „незамисливи" комбинации кои ја истакнуваат самодовербата на секоја индивидуа како никогаш досега.
Носталгијата за '70 -те и '80-тите несомнено го мотивираше враќањето на ретро стилот, не само во филмската и музичката индустрија, туку и во модата исто така.
А тука се вбројуваат и очилата за сонце, кои впрочем се еден од најважните модни додатоци, кои покрај тоа што можат да бидат гласен одзив на вашиот личен и креативен израз, тие се исто така важни за заштита на вашите очи од силната сончева светлина и UV зраците.
Експресивни, широки и шарени рамки за сонце во впечатливи форми и стакла во боја, изборот е непресушен!
Сепак, би било одлично доколку во вашата колекција на очила за сонце додадете и онакви што совршено стилски би се вклопиле со вашите ѕвонарки, маички со ретро принтови или џемперите во „баба и дедо" стил кои се во тренд последниве неколку години.
Па, доколку ви треба помош при изборот на вашите следни очила за сонце, тука сме. Подготвивме листа од неколку примери кои го одредуваат трендот за 2022 година, а вие одберете кои најмногу ќе го рефлектираат вашиот стил.
Пастелни рамки
Широки рамки
Градиент
Откачени форми
Бели рамки
Класика
Футуризам
Мачкина форма
Aviators
Спортски стил