Кожното здолниште или здолништето од еко кожа, дефинитивно ќе ги има своите пет минути во 2024-та.
За ова парче знаеме дека е едно од омилените на жените кои ја сакаат модата, од причина што е безвременско, динамично, зрачи со посебен шарм и секогаш остава впечаток.
Ова здолниште е спој на елеганција и луксуз, без разлика каков модел ќе одберете, мини, миди или макси.
Ја истакнува женската силуета, а во однос на боите црната е таа која што доминира. Може да се најде во окер, кафена и бордо варијанта во широк или потесен крој.
Кога станува збор за комбинирање на кожното здолниште во зима, модните блогерки го преферираат џемперот, односно ролката, а во комбинација влегуваат и кошулите, особоено со миди моделот.
Високите чизми се создадени за оваа стилска игра, како и оние над глужд, а дамите кои сакаат да бидат различни ги носат и со патики.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram